петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Кошаркар на Партизан е позитивен на Ковид-19, бил во контакт со Јокиќ и Ѓоковиќ!

Кошаркар на Партизан е позитивен на Ковид-19, бил во контакт со Јокиќ и Ѓоковиќ!

Кошаркарот на Партизан, Никола Јанковиќ е заразен со коронавирус, тој во изминатиот период имал контакт со повеќе спортисти меѓу кои и големите српски ѕвезди Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ.

Кошаркарот Никола Јанковиќ е позитивен на коронавирус, од таборот на Партизан објавија дека поради тоа сите играчи во клубот превентивно ќе бидат тестирани.

Клубот соопшти дека Јанковиќ немал типични симптоми на коронавирус, но познато е и дека асимптоматските случаи можат да пренесат ковид-19.

Јанковиќ минатата среда заедно со останатите кошаркари на Партизан и стручниот штаб беше присутен на фудбалското дерби против Црвена звезда, а ден подоцна на ревијалниот кошаркарски меч во чест на тренерот Дејан Милојевиќ кој по осум сезони ја напушти Мега.

Меѓу присутните на тој ревијален меч беа и големите српски спортски ѕвезди, Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ, но и други познати лица како Предград Даниловиќ, Душко Вујошевиќ, Саша Обрадовиќ…

Веста дека Јанковиќ е позитивен на коронавирус сигурно внела немир кај сите кои имале контакт со него во претходните денови.

Но во Србија во последниот период многу лежарно се сфаќа ситуацијата со коронависурот, мерки речиси и да нема. На дербито меѓу Партизан и Црвена звезда имаше повеќе од 20.000 гледачи, а полни беа трибините и на тенискиот турнир „Адрија тур“ кој го организираше Ѓоковиќ.

Дали ваквите масовни собири без маски и физичка одалеченост ќе им се удрат од глава на Србите, времето ќе покаже.

Коронавирус