четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 123
home Фудбал

Корупција во европскиот великан: На славниот клуб му се заканува исфрлување од Лигата на шампионите

Корупција во европскиот великан: На славниот клуб му се заканува исфрлување од Лигата на шампионите

Славниот португалски клуб Бенфика од Лисабон би можела да биде исфрлена од Лигата на шампионите поради сериозни обвиненија кои пристигнуваат на нивна адреса.

Според она што го пишува британски „Сан“, лисабонскиот клуб е обвинет за корупција и објавување на лажни податоци и дека законот го прекршиле во повеќе од 30 случаи.

Доколку се докаже дека Бенфика е виновна, ќе биде исфрлена од европските натпреварувања на повеќе години. Прашање е дали и кога тоа ќе се случи, бидејќи истрагите во вакви случаи траат и по неколку години.

Челниците на Бенфика изгледа не се грижат премногу околу обвиненијата, што може да се заклучи и од изјавата на претседателот на клубот.

-Без разлика на обвинувањата, потполно сме уверени дека клубот работел легално по сите прашања. Не постои ниту еден доказ кој го говори спротивното, изјави Луис Фелипе Виеира, претседателот на Бенфика.

Бенфика оваа година настап во Лигата на шампионите обезбеди низ квалификациите, а во групата Е ќе игра против Баерн Минхен, Ајакс Амстердам и АЕК Атина.

Коронавирус