среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 140
home Фудбал

Коронавирусот напаѓа: Серија А со препорака да се прекинат тренинзите на екипите!

Коронавирусот напаѓа: Серија А со препорака да се прекинат тренинзите на екипите!

„Тутоспорт“ објави дека ситуацијата со коронавирусот стана алармантна во целиот свет, па поради тоа мора да се донесат превентивни мерки за да се спречи ширењето на опасниот вирус. Серија А нема да се игра цел месец, а сега најнова препорака била да прекинат тренинзите на клубовите.

Раководството на Серија А побарало од клубовите, кои не се натпреваруваат во Лигата на шампиони и Лига Европа да не одржуваат тренинзи за да се спречи евентуално ширење на вирусот.

Исто така, на фудбалерите им се препорачува да останат во своите домови и редовно да контактираат со лекарските служби, а исто така и да избегнуваат движење на места, каде што има поголема група на луѓе.

Серија А будно ја следи ситуацијата со развојот на вирусот и за понатамошни мерки навремено ќе ги извести клубовите.

Коронавирус