вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 74
home Фудбал

Коронавирус и во Интер – Без двајца дефанзивци на градското дерби

Коронавирус и во Интер – Без двајца дефанзивци на градското дерби

Интер ќе биде значително ослабен за претстојното градско дерби против Милан по позитивните тестови на Covid-19 на двајцата дефанзивци на „нероаѕурите3, Алесандро Бастони и Милан Криниар. Бастони бил позитивен при тестирањето во младинската италијанска репрезентација, по што веднаш се вратил назад во Милано, каде е ставен во самоизолација, пишува екипа.мк

Шкриниар бил позитивен на тестирањето во словачката репрезентација и сега е во исчекување на резултатите од вториот тест. Доколку и тој тест биде позитивен, Словакот ќе мора да остане во изолација во татковината во следните 14 дена, по што ќе може да се врати назад во Италија.

Ова сигурно е сериозен проблем за тренерот Конте, кај кого Бастони беше стандарден првотимец од самиот почеток на сезоната. Во ситуација кога си замина и Годин, „нероаѕурите“ остануваат тенки во последната одбранбена линија токму за пресметката со Милан, градскиот ривал што има максимални девет бода по почетните три кола од новата сезона.

Коронавирус