недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Короната се шири во српскиот фудбал

Короната се шири во српскиот фудбал

Најдобриот српски судија нема да го суди куп финалето бидејќи има COVID-19, позитивен е и главниот арбитар од неодамнешното белградско дерби.

На оние кои го пратат српскиот фудбал не им беше јасно зошто најдобриот домашен судија Срѓан Јовановиќ не е одбран да го суди финалето од купот помеѓу Партизан и Војводина. Причината е тоа што тој има корона. Заразени се и неговите стандардни помошници Милан Михајловиќ и Урош Стојковиќ. Сите тројца беа веднаш заменети во колото од викендов.

Короната не го одмина ниту арбитарот на последното дерби помеѓу Партизан и Црвена звезда. Главниот судија Новак Симовиќ е позитивен, исто како и неговиот помал брат Милош, исто така прволигашки судија.

Инаку, најдобриот српски судија, интернационалецот Милорад Мажиќ, не суди повеќе во домашната лига откако беше ангажиран да ја дели правдата на натпреварите од кинеската лига.

Србија ја рестартираше сезоната, дури и со присуство на публика. Но, освен судиите, бројот на позитивни се зголемува и кај фудбалерите како и помеѓу луѓето во клубовите.

Црвена звезда сама потврди дека петорица нејзини играчи се позитивни, а од нив еден, Бранко Јовичиќ, играше викендов против Пролетер. Среќа што колото викендов беше последно за оваа сезона.

Останува да се одигра уште финалето од Купот кое утревечер ќе се игра на „Чаир“ во Ниш помеѓу Војводина и Партизан.

Коронавирус