сабота, 10. април 2021. Вести денес: 65
home Фудбал

Корона во Интер: Цел тим оди во изолација!

Корона во Интер: Цел тим оди во изолација!

Интер на официјалната страна објави дека ковид-19 го нападнал тимот. Пет членови од управата се заразени со вирусот, а некои од нив биле во контакти и со играчите, па така цел тим оди во изолација.

Серија А веќе испрати упатства до тимот од Милано за тоа како да се соочи со оваа ситуација, па сите фудбалери треба да бидат во изолација во следните 10 дена.

Ова значи дека „нераѕурите“ ќе го дочекаат дуелот против Џенова во изолација без тренинг, а тоа би можел да биде сериозен проблем за екипата.

Интер е лидер во Серија А, има шанса да ја освои титулата, па така овој проблем им се појави во ептен незгоден момент.

Коронавирус