четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

Корнерот на Италијанците кој ги збуни сите, дури и судијата не знаеше што да направи

Корнерот на Италијанците кој ги збуни сите, дури и судијата не знаеше што да направи

Италија на маестрален начин го отвори Европското првенство. Со убедливи 3:0 ја совлада Турција со навистина импресивна игра на популарните Аѕури.

Италијанците беа подобри од почетокот до крајот, но дури во второто полувреме го скршија отпорот на Турците. Најпрвин Демирал си ја затресе сопствената мрежа, а потоа Имобиле и Инсиње беа прецизни за 3:0.

На почетокот на второто полувреме Инсиње и Берарди изведоа корнер кој може да го понесе епитетот на еден од најбизарните во историјата.

Офанзивците на Италија изведоа скратен корнер кој резултираше со офсајд.

Меѓутоа, и самиот судија во еден момент не знаеше што да работи. Како што е познато, на играчите не може да се досуди офсајд после директно нафрлување од корнер или при прво додавање.

Она што ги збуни сите е тоа што Берарди кога се изведе корнерот беше надвор од теренот, а кога ја прими влезе внатре.

Помошниот судија неколку секунди се мислеше што да направи, па го подигна знаменцето, а тоа предизвика револт кај Италијанците.

Коронавирус