недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Контроверзна победа на Бразил: Судијата учествуваше во акцијата за израмнување (Видео)

Контроверзна победа на Бразил: Судијата учествуваше во акцијата за израмнување (Видео)

Бразил успеа да ја победи Колумбија со пресврт и резултат 2:1 на Копа Америка, но триумфот на „кариоките“ донесе многу реакции кај фудбалските фанови.

Причина е контроверзното судење на Нестор Питана, кој најпрвин „учествуваше“ во акцијата за израмнување, а потоа одреди дури десет минути продолжување, во кое Бразил погоди за 2:1.

Колумбија поведе на атрактивен начин преку Диас уште на стартот, а Бразил чекаше на израмнување во 78. минута.

Во акцијата, топката се одби од судијата Питана, кој буквално проигра бразилски репрезентативец, за во продолжение Фирмино да реализира. ВАР собата не одреди поинаква одлука, по што таа на судијата да почитува предност иако треба да ја прекине играта, останува на сила.

Потоа Бразил успеа да направи пресврт во 100. минута, во која Каземиро реализира по корнерот на Нејмар за конечни 2:1.

Коронавирус