среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 101
home Фудбал

Конте зборува за Интер во минато време

Конте зборува за Интер во минато време

Разделбата меѓу Интер и Антонио Конте се чини извесна. Синоќа, „нероазурите“ загубија од Севиња во финалето на Лигата на Европа, а на прес-конференцијата по натпреварот, Конте зборуваше на начин што посочи дека ова е неговиот последен натпревар на кормилото на тимот.

Според „Скај Спорт Италија“, фаворит за функцијата од следната сезона е Масимилијано Алегри.

На сличен начин, тој го наследи Конте во Јувентус во 2014 година, по што освои 5 последователни титули со „бјанконерите“.

– Беше напнат и рамноправен натпревар и во второто полувреме беше јасно дека една грешка може да реши сè. Имавме шанса да постигнеме и трет гол, но наместо тоа, несреќното рикоше во Ромелу ги направи работите многу комплицирани. Ние дадовме се од себе против противникот кој има многу искуство од претходно освоените финалиња. На крајот се покажа дека тоа е решавачко, изјави Конте за самиот натпревар.

Тренерот вели дека сега претстои краток одмор по што трезвено со раководството ќе ја анализираат минатата сезона.

– Треба да ја испланираме иднината на тимот, без разлика дали е со мене или без мене. Беше големо искуство да бидам тренер на Интер и им се заблагодарувам на сопствениците кои ми ја дадоа оваа можност. Вреди тоа. Јас ќе кажам што имам да кажам кога ќе дојде време. Јас не сум во судир со некој во клубот. Се работи за за различни гледишта. Оваа година наидов на некои ситуации кои не ми се допаднаа. Тие влијаеја на моето семејство и сите имаат граници што не дозволуваат да бидат поминете. Ако мислите дека ќе отстапам, не сте во право. Бепе Марота и Пјеро Аусилио беа сигурни дека мора да дојдам во Интер и јас им се заблагодарам. Повторно ќе кажам дека кога одредени работи влијаат врз мојот личен живот, станува неприфатливо, рече Конте.

Коронавирус