вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 93
home Фудбал

Конте: Секој што очекува дефанзивна игра од Интер е во заблуда

Конте: Секој што очекува дефанзивна игра од Интер е во заблуда

Тренерот на Интер, Антонио Конте, пред натпреварот од 4. коло од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, изјави дека тимот нема да игра дефанзивен фудбал.

Тој додаде и дека битно е да се покаже карактер, бидејќи на стадионот се очекува жешка атмосфера.

– Одигравме одлично на домашен терен против Борусија и заслужено победивме. Сега во Дортмунд ќе биде тешко. Борусија е искусен тим кој редовно игра во ЛШ. Не смееме да ја изгубиме будноста во ниеден момент. Атмосферата на стадионот ќе биде жешка. Затоа ќе биде многу важно за нас да покажеме карактер. Секој што очекува одбранбена игра од нас е во голема заблуда. Ќе бидеме пред нашиот гол, само ако Борусија нè принуди да го сториме тоа. Нашиот модел на игра не се менува во зависност од тоа дали играме дома или на гости. Ги знаеме нашите предности и напорно работиме на недостатоците, изјави Конте.

Средбата во Дортмунд се игра вечер од 21 часот.

Во Г-групата води Барселона со 7 бода, Интер и Борусија имаат по 4, Славија Прага е последна со 1 бод.

Коронавирус