петок, 30. јули 2021. Вести денес: 100
home Фудбал

Конте се скарал со еден од неговите најблиски луѓе

Конте се скарал со еден од неговите најблиски луѓе

Еден од најверните луѓе во тренерската кариера на Антонио Конте дојде во судир со него и го напушти Интер на почетокот на овој месец, информира „Кориере дело Спорт“.

Станува збор за Хулио Тус Фахардо, кој е специјалист за физички тренинг и беше со него за време на престојот во Јувентус, Челси и италијанската репрезентација.

Нема информации за тоа што точно довело до прекин во нивната врска.

Сега Фахардо се очекува да започне со работа за шпанската репрезентација.

Коронавирус