среда, 2. декември 2020. Вести денес: 183
home Фудбал

Конте откри што се случувало на полувреме во соблекувалната на Интер

Конте откри што се случувало на полувреме во соблекувалната на Интер

Интер успеа синоќа со страшен пресврт да го совлада Милан со 4-2 и да се врати на првото место во италијанската Серија А.

Сите ги интересираше што им кажал тренерот Антонио Конте на своите фудбалери на полувреме со оглед на тоа дека Интер губеше со 0-2 по првите 45 минути.

„Постоеше можност да бидеме декласирани. Сепак, се вративме во рамнотежа, верувавме во тоа што го правиме. Заслугите се на фудбалерите. На полувреме не им кажав многу работи. Беа свесни дека мора да преземат одговорност и заедно го баравме спасот. Оваа победа ќе ни значи многу“, кажа Конте.

Коронавирус