сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Конте е нов тренер на Интер

Конте е нов тренер на Интер

Жозе Мурињо беше отворен за враќање на кормилото на Интер, но раководството на „нероаѕурите“ на чело со Бепе Марота не го сака Португалецот.

Имено, миланскиот гигнат за следен тренер го избра Антонио Конте и веќе почна да договара список засилувања со италијанскиот стратег.

Што и да направи Лучијано Спалети со Интер до крајот на сезоната, готово е сигурно дека ќе добие отказ, а италијанските медиуми тврдат дека негов наследник ќе биде Антонио Конте.

Мурињо сакаше да се врати на „Џузепе Меаца“ и остварил контакт со челниците на Интер. „Специјалниот“ нема многу опции за продолжување на кариерата, во Англија ја затвори вратата за големите клубови. Реал Мадрид го избра Зидан, додека ПСЖ се чини и следната сезона ќе продолжи со Томас Тухел.

Поради тоа Португалецот беше отворен да се врати во Интер, па дури и да ги намали своите примања, но „нероаѕурите“ му дадоа „корпа“ и го избраа Антонио Конте.

Конте наводно веќе имал неколку средби со директорот Марота на кои ги договориле сите детали од соработката, па дури и списокот на засилувања за наредната сезона.

Мурињо сакаше да се врати на „Џузепе Меаца“ и остварил контакт со челниците на Интер. „Специјалниот“ нема многу опции за продолжување на кариерата, во Англија ја затвори вратата за големите клубови. Реал Мадрид го избра Зидан, додека ПСЖ се чини и следната сезона ќе продолжи со Томас Тухел.

Един Џеко би требало да биде замена за Икарди, додека ѕвездата на ПСВ, Стивен Бергвајн е посочен како идеална замена за Перишиќ.

Коронавирус