недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Конте бара гаранции од раководството за да остане во Интер

Конте бара гаранции од раководството за да остане во Интер

После повеќе од една деценија Интер ја освои титулата во Италија, но тоа не гарантира останување на Антонио Конте на кормилото на „нероаѕрите“.

Според „Тутуспорт“, Конте ќе бара одредени гаранции од сопствениците на клубот, пред да донесе одлука дали ќе остане и следната сезона.

Конте е најплатен тренер во Серија А со плата од 12 милиони евра по сезона и е голем терен за буџетот на „нероаѕурите“, особено откако приходите се намалија поради пандемијата.

Спортскиот директор Бепе Марота не даде гаранции дека Конте ќе остане, а Хавиер Занети призна дека клубот има сериозни финансиски проблеми и не се очекуваат инвестиции на трансфер пазарот.

Поради тоа двете страни ќе имаат состанок наредните денови на кој Конте ќе бараа гаранции од раководството пред да донесе одлука.

ЕУРО 2020

Македонија