четврток, 25. април 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Конор МекГрегор му испрати јасна порака на Златан Ибрахимовиќ

Конор МекГрегор му испрати јасна порака на Златан Ибрахимовиќ

Харизматичниот Конор МекГрегор направи интервју во кое зборуваше за својот омилен клуб, Манчестер Јунајтед, работата која што ја направи Оле Гунар Солскјер, феноменалната дисциплина на Кристијано Роналдо и карактерот на Златан Ибрахимовиќ.

„Манчестер Јунајтед е мојот тим. Како мал навивав за овој клуб и тоа остана во мене до денес.

Оле направи фантастична работа во последните неколку месеци и ја врати гордоста кај фудбалерите. Мислам дека управата треба да му даде долгорочен договор“, смета Ирецот.

Потоа тој даде коментар за почитта која што ја има за Роналдо и неговата дисциплина и посвета на 34-годишна возраст.

„Кристијано е фантастичен човек, бизнисмен и спортист. Неговата неверојатна дисциплина, пристапот кон фудбалската игра и посветеноста се инспирација за секого.

Само погледнете што направи на 34 години во Лигата на шампионите. Постигна три гола кога притисокот врз него беше најголем и тоа против Атлетико Мадрид и една од најдобрите одбрани во Европа“, продолжи ММА борецот.

На крај, ирската ѕвезда испрати порака до Златан Ибрахимовиќ:

„Го почитувам Златан и неговиот позитивен менталитет, но во светот има само еден Конор МекГрегор.

Мислам дека тој се обидува да биде „Конор МекГрегор“ во фудбалскиот свет“.

МекГрегор неодамна заврши зад решетки поради инцидент во Мајами. Наводно, тој му го одзел телефонот на еден човек, откако претходно го искршил со своите нозе.

Ваквите моменти оставаат црна дамка на неговата богата ММА кариера во која се прослави со неколку фантастични борби за УФЦ.

Извор: gol.mk