четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Фудбал

КОНМЕБОЛ ја поддржува заедничката кандидатура на САД, Мексико и Канада

КОНМЕБОЛ ја поддржува заедничката кандидатура на САД, Мексико и Канада

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) едногласно одлучи да ја поддржи заедничката кандидатура на САД, Мексико и Канада за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2026 година.

За време на годишната конференција во Аргентина сите десет членки на КОНМЕБОЛ гласаа „За“.

– Земјите од Северна и Јужна Америка имаат тесни историски врски и ние веруваме дека фудбалот кај нас може и треба да придонесе за развојот на фудбалот на целата американска хемисфера, изјави претседателот на КОНМЕБОЛ Алехандро Домингез.

Мароко е единствениот противкандидат на САД, Мексико и Канада за домаќин на СП 2026.

Одлуката кој да организира светските фудбалски првенства во 2026 година ќе биде донесена од ФИФА ден пред почетокот на Мундијалот 2018 во Русија, кој започнува на 14 јуни.

Коронавирус