петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Фудбал

КОНМЕБОЛ ги откажа мартовските квалификации за СП 2022 во Катар

КОНМЕБОЛ ги откажа мартовските квалификации за СП 2022 во Катар

Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) одлучи да ги откаже мартовските квалификации за Светското првенство во Катар и засега не се знае кога ќе се играат тие средби. Оваа одлука е донесена откако многу европски клубови одбија да ги пуштат своите фудбалери за репрезентативните обврски, па поради неможноста селекциите да играат во своите најдобри состави, одлучено беше квалификациите да се одложат.

ФИФА во соработка со КОНМЕБОЛ ќе се обиде да најде нови термини за одигрување на мартовските дуели, а можно е да има и промена во системот на квалификации.

Квалификациите во Јужна Америка за пласман на Мундијалот во Катар започнаа во октомври минатата година, а по четири одиграни кола, моментно на позициите кои водат пласман на планетарниот собир се Бразил, Аргентина, Еквадор и Парагвај.

 

Коронавирус