сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 97
home Фудбал

Конечно заврши сагата: Рома продадена на Американци за – 591 милион евра!

Конечно заврши сагата: Рома продадена на Американци за – 591 милион евра!

После повеќе од половина година, сагата околу иднината на италијанска Рома заврши, откако утрово и официјално е потврдено дека римската „волчица“ е продадена од досегашниот газда Џејмс Палота на групацијата Фридкин од САД за 591 милион евра.

Рома беше сопственост на Палота, Италијанец од САД, кој не беше баш омилен кај навивачите послебно во изминативе две години, во кои ги „избрка“ клупските икони, Франческо Тоти од директорската позиција, како и Даниеле Де Роси од тимот, па сето тоа го навлече бесот и гневот кај навивачите.

Групацијата Фридкин, која во САД е главен увозник на автомобилите Тојота, ја купи Рома сосе сиот клупски имот и капитал за 591 милион евра и како што е најавено до крајот на месецов и комплетно треба да се заврши процесот на примопредавање на клубот.

„Сите ние во Фридкин групацијата сме среќни што стануваме дел од овој град, дел од овој култен клуб и пресреќни сме што многу брзо ќе станеме дел од големото семејство на Рома“, рекол првиот човек на групацијата, Дан Фридкин.

За Палота, пак, сега се најавува дека сите пари што ќе ги добие од овој бизнис ќе ги инвестира во Њукасл и наскоро ќе тргне во битка да го купи премиерлигашот, откако проектот со Саудијците пропадна на Островото.

„Го потпишавме договорот и во следните денови ќе работиме на финализација на процедурите за промена на сопственоста. Во изминативе месеци Дан и Рајан Фридкин покажаа комплетна посветеност за да ги финализираат преговорите и да го водат клубот на позитивен начин“, рекол Палота.

Коронавирус