сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 87
home Фудбал

Компани ќе биде подготвен за мечот со Англија

Компани ќе биде подготвен за мечот со Англија

Белгискиот дефанзивец, Винсент Компани можеби ќе биде подготвен да се врати на теренот дури за финалниот натпревар на тимот во групната фаза против Англија, објави селекторот Роберто Мартинез.

Централниот дефанзивец на Манчестер Сити доби растегнување за време на контролната на 3-ти јуни против Португалија. Од тогаш, тренерот и играчот се обидуваат да ја добијат битката со времето и да заигра тогаш, кога е подготвен.

– Компани ќе биде подготвен за третиот меч во групата со Англија, рече Мартинез на прес-конференцијата во Сочи.

Талентираниот тим на Белгија ги почнува битките на Светското првенство против дебитантот Панама, а следат средбите со Тунис на 23-ти јуни и со Англија на 28-ми во групата „Г“.

Сепак тренерот има време до недела вечер да го извади Компани од составот и да го испрати дома и да го замени со Лоран Симан, но засега работите изгледаат кон зачувување на капитенот.

Аут за првиот дуел е и Томас Вермален, кој не патуваше во Сочи и останува да тренира во Москва за индивидуална програма.

– Сакам да го видам тимот да се забавува на ова Светско првенство и исто така фудбалерите да си помагаат едни на други. Тоа е најважно. И ќе видиме до каде ќе стигнеме, додаде Мартинез.

Коронавирус