вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 42
home Фудбал

Комитите бараат спас за ФК Вардар: Ако Вардар биде запрен, Скопје ќе биде поплавено

Комитите бараат спас за ФК Вардар: Ако Вардар биде запрен, Скопје ќе биде поплавено

Навивачката група Комити изминатиов период активно апелира дека фудбалскиот клуб Вардар треба да се спаси од финансискиот колапс во кој се наоѓа што може да резултира со негово згаснување доколку нешто итно не се превземе.

Комитите порачуваат дека доколку институциите не го решат овој проблем ќе организираат протести или блокади.

-На повеќе локации низ градот денес беа поставени пароли во врска со ситуацијата во која се наоѓа нашиот ФК Вардар. Пред се односот на луѓето задолжени за безбедноста на објектите од јавен карактер (Собрание на град Скопје, ПУИГ, Влада на Р.Македонија), беше коректен и професионален. Нашата цел не беше ниту ќе биде нив да ги ставаме во непријатни ситуации, туку едноставно да го актуелизираме прашањето за ФК Вардар, кое веќе неколку години виси во воздухот и сеуште нема црвста гаранција дека ситуацијата ќе се среди. Наидовме на разбирање, и повикавме на средби со јавните функционери на кои ќе добиеме цврсти гаранции дека ситуацијата со ФК Вардар ќе се реши и клубот ќе може стабилизиран да ја дочека пролетната полусезона, каде ќе биде конкурентен за Европа и титулата. Прозвани и дирекно повикани во ситуацијава се пред се Сергеј Самсоненко, Град Скопје и ПУИГ. Очекуваме до крај на годината да добиеме повратен одговор со конкретна агенда и временска рамка од сите страни кои се прозвани, и со заеднички сили и со наша директна инволвираност дојдеме до решение. Вардар е клуб основан од Град Скопје, во сопственост на граѓаните, Советот на Град Скопје и ПУИГ, а во времено владение на Сергеј Самсоненко. Очекуваме пред се Самсоненко да го подмири долгот до рокот предвиден за тоа (20 Јануари 2021г). Истовремено очекуваме дека Град Скопје и ПУИГ ќе се однесуваат кон клубот како негови татковци и одговорно ќе го превземат назад, и го предадат на следна страна која ќе пројави интерес за преземање на клубот, или доколку нема таква, да го одржат достоинствено во живот додека се појави. Ние во 2010/11 година го поклонивме управувачкиот пакет до Град Скопје и ПУИГ, и тогаш добивме ветување и уверување дека клубот е во вистински раце. Ние не сме група која е инволвирана во политика, туку сме навивачка група која е посветена на ФК Вардар, и ние се договараме со институции а не со партии. Институциите имаат континуитет во работењето, и дали тогаш бил Коце Трајановски а сега Шилегов, или дали бил тогаш Бавчовановски а сега Трајковски не ни менува заради нашата аполитичност. Веруваме во нивната љубов кон ФК Вардар, но веќе е дојдено време за дела а не за зборови. Следни наши чекори доколку не наидат на разбирање нашите легитимни барања, ќе бидат протести или блокади. Логично е – ДОКОЛКУ ВАРДАР БИДЕ ЗАПРЕН СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ПОПЛАВЕНО, порачуваат од навивачката група Комити.

Коронавирус