недела, 9. мај 2021. Вести денес: 91
home Фудбал

Комити: Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов?

Комити: Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов?

Навивачката група на скопски Вардар, популарните „Комити“, се огласија со соопштение по повод високиот пораз на гостински терен кај Силекс од 6-0 и фактот дека клубот сега е на едно од местата кои водат директно во Втората македонска фудбалска лига.

Приврзаниците на најтрофејниот клуб потенцираа дека е прегазена клупската чест, а воедно ги прозваа се уште актуелниот сопственик на хартија Сергеј Самсоненко и првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е божја казна. За да се долови мизеријата, доволно е да се напомене дека при резултат од 6-0 најдобар поединец беше голманот Илиќ, и само уште еден достоен да го носи дресот на Вардар беше ветеранот Шиле. За другите што да се каже – статисти, манекени и повеќе играчи и асистенти на противничкиот тим отколку на Вардар. Одбрана швајцарско сирење! Средина непостоечка, напад јалов! Вакво газење на честа на клубот е незапаметено и крајно недозволиво, и време е за радикални промени но и да се сносат последиците. Нема повеќе никакво алиби. Време е да почнеме со име и презиме да ги прозиваме душманите на клубот. Време е за одговорност! Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов?“, стои во објавата на „Комитите“.

 

Коронавирус