четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 38
home Фудбал

Комити: Колку поводи и причини имаме да го наполниме „Јане Сандански“ во среда !!

Комити: Колку поводи и причини имаме да го наполниме „Јане Сандански“ во среда !!

Во среда на програмата натпревар на РК Вардар 1961 во рамките на 2.коло од Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Брест Мешков.

После долг период, навивачите можат да се вратат на трибините, а Комити најавуваат присуство и поддршка за Вардар. На својата официјална страна, популарните Комити излегоа со следниов текст кој ви го пренесуваме во целост:

Колку поводи и причини имаме да го наполниме Јане Сандански во Среда?
За оние кои го сакаат Вардар, и еден е доволен – ИГРА ВАРДАР !
Но да се потсетиме и да ги потсетиме другите:

1. МИХАЈЛО МИХАЈЛОВСКИ !
Доколку постоеше мерач за тоа кој колку го сака, се посветил, кој колку време потрошил и придонел за Вардар, името на старо-новиот Сопственик на РК Вардар ќе биде на врвот на листата !
Заслужува Михо – заслугите се негови !

2. ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ – ВУЈО !
Ајварден, 30-ти Септември, 2014-та беше моментот кога се разделивме од Вујо (како веќе тренер на Загреб) и од Кале, и ветивме дека ќе се соединиме повторно ! Ова е моментот…

3. КОМИТИ ЗАПАД !
Ова ќе биде прв натпревар каде официјално ќе се појавиме во сала по долго време. Веќе го поздравивме Вардар на тренинг пред ланското дерби, но ова ќе биде првпат во сала !

4. ЈАНЕ САНДАНСКИ ! Да се потсетиме на енергијата која ја создаваме во овој Ракометен храм, да создадеме атмосфера по која сме препознатливи во Европа и насекаде каде што се игра ракомет !

5. Да ги поздравиме Столе, Тимур и останатите, да ги поддржиме новите Вардарци, кои ќе го продолжат континуитетот на настапи во Европската елита, и на чии плеќи има дрес кој тежи две титули Европски прваци, и на кои нема Вардарец и Комита кој сезонава не би додал уште една Неблагодарно е да очекуваме, Храбро е да се надеваме но никој не може да ни забрани потајно да посакуваме !

Не сме биле одамна, и по се она што ни се случуваше и случува со Фудбалскиот Клуб, да создадеме препознатлива победничка атмосфера, да се порадуваме со другарите и со Шампионите на терен, и да се подружиме на трибина како некогаш !

СИТЕ ВО САЛА !!!

Локални избори 2021