вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Фудбал

Комерцијална Банка АД Скопје исто така ќе биде спонзор на нашата фудбалска репрезентација

Комерцијална Банка АД Скопје исто така ќе биде спонзор на нашата фудбалска репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација доби уште еден спонзор на претстојното Европско првенство во фудбал, кое во првата фаза ќе го играме во Букурешт и Амстердам.

Да подсетиме ФФМ и Пивара Скопје потпишаа договор за партнерство, а сега уште еден бренд ќе биде партнер на националниот тим, а тоа се работи за Комерцијална Банка АД Скопје.

Во  среда во Хотел Хилтон во Скопје со почеток од 12:00 часот ќе биде официјализиран договорот за соработка помеѓу двете страни и  ќе биде со важност на три години.

На истиот ќе се обратат Муамед Сејдини, претседател на ФФМ и Илија Илоски, главен оперативен директор и член на УО на Комерцијална банка АД Скопје.

ЕУРО 2020

Македонија