среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 115
home Фудбал

Коман најдобриот фудбалер на 1. коло во Лигата на шампионите

Коман најдобриот фудбалер на 1. коло во Лигата на шампионите

Играчот за врска на Баерн Минхен, Кингсли Коман е прогласен за најдобар играч во 1. коло од групната фаза од Лигата на шампионите, објави УЕФА на својата официјална веб-страница.

На сметка на 24-годишниот Французин се два гола и една асистенција на натпреварот против Атлетико (4:0).

Во гласањето, Коман ги победи дефанзивецот Анхелињо од Лајпциг, играчот за врска Тете од Шахтјор Доњецк и напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората. (МИА)

Коронавирус