четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

Коло во ЛШ со рекордни седум фудбалери од САД

Коло во ЛШ со рекордни седум фудбалери од САД

Синоќешното 5. коло во елитната Лига на шампиони ќе биде запаметено и по настапот на седум фудбалери од Соединетите Американски Држави. Ова е нов рекорд во ЛШ каде во исто време на терените беа толкав број Американци.

За рекордот се погрижија: Кристијан Пулишиќ (Челзи), Сержињо Дест (Барселона), Џовани Рејна (Борусија Дортмунд) и Вестон Мекени (Јувентус) кои беа во почетниот состав, како и резервистите Конрад де ла Фуенте (Барселона), Крис Ричардс (Баерн) и Тајлер Адамс (Лајпциг).

Претходниот рекорд за најмногу американски фудбалери во една рунда од УЕФА во Лигата на шампионите беше шест, а беше поставен во сезоната 2004/05.

За одбележување е тоа што минатата недела во составот на Барса се појавија и Американците Дест и де ла Фуенте на натпреварот против Динамо Киев (4:0). Тоа беше првпат по 16 години двајца американски фудбалери да влезат во Лигата на шампионите како дел од ист тим. Претходниот пат ова се случи на 8 декември 2004 година, кога голманот Тим ​​Хауард и дефанзивецот Џонатан Спектор играа за Манчестер јунајтед на натпреварот против Фенербахче (0:3).

Коронавирус