четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Колинда полуди на трибините: Стана од столчето и заигра, а реакцијата на Медведев стана вистински хит на интернет (ВИДЕО)

Колинда полуди на трибините: Стана од столчето и заигра, а реакцијата на Медведев стана вистински хит на интернет (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска ја совлада Русија по пеналите и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство.

Додека на теренот атмосферата беше повеќе од вжештена, на трибините  на стадионот во Сочи Хрватите ја добија целата поддршка од претседателката Колинда Грабар Китаровиќ.

Но никој не ни очекуваше Колинда да стане интернет сензација низ целиот свет, откако ја понесоа емоции за време на продолжението, па по голот за водство од 2:1 за Хрватска скокна од столчето како обичен навивач што не е вообичаено за некој дипломат.

Колинда откако скокна започна да мавта со рацете накај првиот човек на ФИФА и премиерот на Русија Димитриј Медведев.

Медведев секако не беше воодушевен од нејзината реакција, а истата погледнете ја во продолжение.

Коронавирус