понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Коларов ја откачи Црвена Звезда, останува во Интер

Коларов ја откачи Црвена Звезда, останува во Интер

Александар Коларов неколку месеци преговараше со Црвена Звезда, но искусниот дефанзивец на крајот сепак реши да не се врати назад во татковината, туку да ја одработи и втората сезона од договорот со Интер. Смената на тренерот и доаѓањето на Симоне Инзаги беше значаен фактор во одлуката, откако на српскиот ветеран му било дадено ветување дека нема да ја грее клупата цела сезона, како што тоа беше случај под водство на Антонио Конте.

Преговорите Интер – Коларов траеле десетина дена, за Србинот на крајот да прифати и понуда да зема само 50% од платата што ја доби од клубот минатата сезона. Како опција покрај Црвена Звезда се споменуваше и Болоња, но Коларов сепак решил да не ги менува клупските бои во текот на овој преоден рок.

Интер е во завршна фаза да го комплетира трансферот на Албанецот Хисај, кој ќе пристигне како слободен играч по истекот на договорот со Наполи.

Коронавирус