среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Кој ќе паузира најдолго, а кој ќе игра и на празници?

Кој ќе паузира најдолго, а кој ќе игра и на празници?

Англиските фудбалски клубови традиционално речиси немаат зимска пауза, додека најдолг одмор, речиси три месеци, ќе имаат руски клубови.

Во англиската Премиер лига традиционално се игра и на Божик и за Нова година. Премиерлигашки фудбал на програмата е денес, последните два дена од 2017, како и првите четири дена од новата 2018 година.

Најдолга пауза во Европа ќе имаат руските фудбалски екипи. Тие се на зимски распуст од  11 декември до 2 март.

Од другите ТОП 5 европски лиги (Англија, Германија, Франција, Шпанија и Италија), германските бундеслигаши ќе паузираат скоро еден месец (17 декември – 12 јануари), додека Французите се на одмор околу три седмици (20 декември – 12 јануари).

Шпанците го одиграа својот последен натпревар на 23 декември а следниот дуел во Примера е на 6 јануари.

Италијанските клубови ќе одмораат од 6 – 21 јануари.

Коронавирус