петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 165
home Фудбал

Кој е во право? И Бразилците признаваат дека Анвиса направи циркус од кој се срамат

Кој е во право? И Бразилците признаваат дека Анвиса направи циркус од кој се срамат

Бразилската и аргентинската фудбалска федерација во координација со ФИФА и со КОНМЕБОЛ имале договор и дозвола мечот во Сао Пауло да се игра со присуство на четворицата гостински играчи кои настапуваат во Англија.

Имало дозвола и од бразилската Влада, па затоа е уште почудно што претставници на Агенцијата за јавно здравје, Анвиса на шокантен начин се обидоа на терен да ги отстранат Ло Селсо, Мартинес, Ромеро и Буендија со цел да ги депортираат од Бразил.

„Бразилскиот фудбалски сојуз жали за целата ситуација, но со ништо не придонесе да се случи ваков скандал. Агенцијата за јавно здравје имаше време да реагира пред мечот, или по завршувањето на истиот, а не да се упадне на овој начин. Сакаме да истакнеме дека ние не сме виновни и не баравме од Анвиса да реагира“, истакнаа од Бразилскито фудбалски сојуз.

Покерот аргентински фудбалери според претставници на Анвиса го прекршиле протоколот за Ковид 19, кој предвидува за луѓе што доаѓаат од Англија, каде овие играчи играат фудбал за Тотенхем и Астон Вила да бидат во задолжителен карантин 14 дена.

Мечот беше прекинат во петтата минута и не продолжи, а вечното дерби сега ќе се решава на зелена маса, или евентуално ќе се бара нов термин да се преигра.

Локални избори 2021