понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 19
home Фудбал

Кога не може татко му, може тој: Синот на Кристијано Роналдо постигна 4 гола на дебито за младиот тим на Јувентус (ВИДЕО)

Кога не може татко му, може тој: Синот на Кристијано Роналдо постигна 4 гола на дебито за младиот тим на Јувентус (ВИДЕО)

Синот на Кристијано Роналдо тргна по стапките на неговиот татко и покажа дека поседува голем фудбалски талент.

Додека Роналдо има проблеми со постигнувањето голови во Серија А, каде по три кола се уште се нема запишано во листата на стрелците, неговиот син, Кристијано Роналдо Јуниор ги решета мрежите во дресот на Јувентус.

Младиот Роналдо настапува за тимот на Јувентус до 9 години, а во натпреварот против Лученто, синот на најголемата ѕвезда на Старата дама постигна четири гола во победата од 5:1.

Покрај синот на Роналдо, во младинскиот тим на Јувентус настапува и синот на Андреа Барзаљи.

Според виденото на теренот, младиот Португалец покажува раскошен талент и наговестува дека во иднина може да го замени својот татко. Кој знае можеби ќе стане и поголем фудбалер од ЦР7.