среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 125
home Фудбал

Кога голман ќе даде гол секогаш е нешто специјално, но од слободен удар е – чудо! (ВИДЕО)

Кога голман ќе даде гол секогаш е нешто специјално, но од слободен удар е – чудо! (ВИДЕО)

На натпреварот во Копа Либертадорес помеѓу Барселона СЦ и Жуниор гостинскиот голман Себастијан Виера постигна прекрасен гол и тоа од слободен удар.

Уругваецот ја намести топката во седмата минута од натпреварот и шутираше под живиот ѕид за да му донесе водство на својот тим од 0-1. Неверојатна мајсторија на Виера, но и голема храброст, бидејќи лесно можеше да згреши и да прими гол на спротивната страна.

Тимот на Жуниор славеше на натпреварот со 2-1.

Коронавирус