недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Клубовите во Шпанија ќе бидат казнети доколку одбијат да играат без публика

Клубовите во Шпанија ќе бидат казнети доколку одбијат да играат без публика

Претседателот на Шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас изјави дека клубовите кои не сакаат да играат пред празни трибини ќе бидат казнети со намалување на бодовите.

– Кога ќе добиеме дозвола да играме и одреден клуб не сака да ги исполнува новите услови, тогаш ќе има казни. Ќе има одземање бодови. Мораме да бидеме искрени со сите и да го завршиме шампионатот, им порача Тебас на шпанските прволигаши.

Шпанското првенство беше стопирано во март поради пандемија на коронавирус.

Коронавирус