четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 12
home Фудбал

Клубовите од Премиер лигата бараат оставка од претседателот на англиската фудбалска лига

Клубовите од Премиер лигата бараат оставка од претседателот на англиската фудбалска лига

Четиринаесет клубови од Премиер лигата се подготвени да гласаат за барање оставка од Рик Пери на функцијата претседател на англиската фудбалска лига, објави „Скај Спорт“.

Откако се дозна дека Пери е во „одделни преговори“ со Ливерпул и Манчестер јунајтед, кои планираат револуција во англискиот фудбал, повеќето клубови од Премиер лигата сметаат дека тој нема морално право да ја води англиската фудбалска лига која ги опфаќа трите најквалитетни првенства во државата.

Конечната одлука по ова прашање ќе биде донесена на состанокот на Управниот одбор на Премиер лигата, што ќе се одржи утре, 14 октомври. (МИА)

Коронавирус