среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Фудбал

Клоп за преговорите околу нов договор на Салах: Не сум вклучен во ништо

Клоп за преговорите околу нов договор на Салах: Не сум вклучен во ништо

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде одговор на прашањето околу иднината на египетскиот интернационалец, Мохамед Салах.

Германецот уште еднаш посочи дека тој не е вклучен во преговорите за нов договор на еден од најдобрите, ако не и најдобар поединец на Ливерпул.

Салах се уште ја нема продолжено верноста со клубот од „Енфилд“, а повеќето англиски медиуи пренесуваат дека во преговорите се јавувале некои несогласувања поради кои не може да биде постигнат договор.

– Навистина немам што да кажам затоа што не сум инволвиран во ништо. Единствено нешто што ме интересира е како изгледа Мо, колку е подготвен и колку е посветен во моментов.

– Тоа е она што ме интересира и знам дека тој изгледа навистина добро, па така не би имал што друго да кажам на оваа тема, изјави Клоп.

Локални избори 2021