понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Фудбал

Клоп за грешките на Алисон: Секој знае колку е добар, ретко прави грешки

Клоп за грешките на Алисон: Секој знае колку е добар, ретко прави грешки

Главниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп проговори за грешки на голманот Алисон на мечот со Манчестер сити (1:4).

– Секако дека разговаравме со него. Тој не беше среќен за тоа што се случи, но во такви моменти е многу важно да се разбере дека голманите прават грешки во текот на нивната долга кариера. За голман на ова ниво, Алисон ретко прави вакви грешки, а на тој меч погреши двапати. Поминаа неколку дена од натпреварот со Сити и немаше апсолутно никаква вистинска критика од играчите затоа што секој знае колку е добар Алисон. Тој е многу мирна личност. Се приближува нов натпревар, што е добро, бидејќи тој ќе може да игра повторно на своето вообичаено ниво и сè ќе биде добро, изјави Клоп.

Ливерпул утре од 13:30 часот му гостува на Лестер во 24. коло од Премиер лигата.

ЕУРО 2020

Македонија