петок, 3. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Клоп се плаши само од еден гигант во борбата за трофејот во ЛШ

Клоп се плаши само од еден гигант во борбата за трофејот во ЛШ

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе ја брани титулата освоена минатата година во Лигата на шампиони (ЛШ), но воопшто нема да имаат лесна задача, а за тоа свесен е и германскиот стратег.

Клоп кажа дека неговата екипа ќе се бори во ЛШ до самиот крај, но не е сигурен дека може да го одбранат трофејот.

„Не знам дали ќе го одбраниме трофејот, но подготвени сме да се бориме до крај. Покажавме минатата сезона дека може да ги победиме најдобрите. Ние сега нема да размислуваме на тоа, зашто треба да се фокусираме на мечот против Атлетико Мадрид. Според мене, Јувентус е најголем фаворит за титулата, тие имаат најмногу играчи“, вели Клоп.

Првиот меч од осминафиналето во ЛШ меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид се игра во вторник од 21 часот.

Коронавирус