сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 116
home Фудбал

Клоп проговори за трансферот на Халанд во Сити

Клоп проговори за трансферот на Халанд во Сити

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека трансферот на Ерлинг Халанд во Манечстер Сити ќе го донесе трансфер пазарот на сосема ново ниво, поради потрошените пари.

Трансферот е готова работа, а Борусија Дортмунд вчера објави дека Халанд не е на тренинг поради „решавање на лични прашања“. Се шпекулира дека вчера Халанд бил во Брисел, каде ги минал лекарските прегледи, по што ќе следува промоција во текот на следните часови.

„Веќе доволно се говори за овој трансфер, се зборува многу за парите, но овој трансфер би го подигнал пазарот на сосема ново ниво“, изјави Клоп.

Поранешниот фудбалер Јан Аге Фјортофт, сега спортски консултант и близок на фамилијата Халанд, изјави дека веќе е донесена конечна одлука напаѓачот да игра во Манчестер Сити.

Коронавирус