понеделник, 20. мај 2019. Вести денес: 120
home Фудбал

Клоп пред Барса: Сè е можно во фудбалот

Клоп пред Барса: Сè е можно во фудбалот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се покажа како непоправлив фудбалски романтичар. Тој ги прокоментира очекувањата пред натпреварот со Барселона од полуфиналето на Лигата на шампионите и објави дека сака од играчите да дадат максимум од себе, без разлика дека заостануваат со 0:3 по првиот меч.

Проблемите за него и Ливерпул се уште повеќе, бидејќи двајца од тројцата најдобри напаѓачи на тимот – Мохамед Салах и Роберто Фирмино – нема да се на линија за битката поради повреди. Но Германецот објави дека дури и да не биде елиминиран шпанскиот шампион, неговиот тим треба барем да „пропадне убаво“.

– Сакам момчињата да се обидат до последно да направат пресврт во натпреварот. Ова е фудбал и во него секогаш сè е можно. Тоа го сакам од нив, ништо друго. Сакам да уживаме во оваа кампања во Лигата на Шампионите – или со тоа што ќе продолжиме напред, или ако ја завршиме со убав дуел и блиску до пресврт. Тоа е планот ни – да се обидеме. Ако успееме – одлично, ако не – барем да неуспееме на најубав можен начин, на кој можеме. Ако отпаѓаме, нека биде со резултат, кој се доближува до конечната победа во двата натпревари или нешто од тој тип, изјави Клоп.