вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 154
home Фудбал

Клоп повторно ги разочара навивачите на Ливерпул: Ван Дајк и Гомез нема да играат

Клоп повторно ги разочара навивачите на Ливерпул: Ван Дајк и Гомез нема да играат

Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп уште еднаш ги разочара навивачите на клубот со вестите кои ги соопшти за стоперите Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез.

„Црвените“ на 29 јули ќе играат уште еден подготвителен натпревар и ќе се соочат со Херта од Берлин, но на истиот нема да настапат Ван Дајк и Гомез.

Иако фудбалерите се пред целосно враќање на терените и се очекува да бидат подготвени за стартот на сезоната, Клоп нема да ризикува и да ги става во игра се додека не бидат комплетно подготвени.

– И двајцата изгледаат навистина добро, но видете, тие работат како и останатите играчи, но не со ист интензитет. Ние работиме се што е до нас за да ги заштитиме, затоа мора да бидеме трпеливи. Се подготвуваме за сезоната, а не за претсезонските натпревари, затоа е важно сите да бидат здрави кога првенството ќе започне.

– Двајцата нема да играат против Херта. Не сакам да ризикувам на подготвителен натпревар. Пред нас има многу натпревари, така што има време кога ќе играат, -изјави Клоп.

Стоперите ја пропуштија речиси целата мината сезона, а нивното отсуство и тоа како се одрази на резултатите на Ливерпул кој не беше ни бледа сенка од тимот кој растури во Премиер лигата пред две сезони.

Коронавирус