сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп: Подготвени сме за атмосферата на „Мала Маракана“

Клоп: Подготвени сме за атмосферата на „Мала Маракана“

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека е свесен за тоа што го очекува неговиот тим на стадионот „Мала Маракана“ утре против Црвена Звезда. Тимот од „Мерсисајд“ е во Белград, каде што Клоп очекува жешка атмосфера.

„Најголемиот предизвик за нас утре ќе биде комбинацијата на атмосферата и фудбалот што го практикува Звезда. Го реков тоа по првиот меч на „Енфилд“, а потоа и го видов. Бевме навистина добри таа ноќ, но ако бевме малку послаби, Црвена Звезда ќе останеше во натпреварот. Сепак, бевме навистина силни и тоа беше добро за нас. Мораме да бидеме силни и утре, рече Клеп.

Во однос на атмосферата, Германецот вели дека знае какво влијание може да имаат навивачите врз тимот.

– Атмосферата … ние сме од Ливерпул, па знаеме колку влијание можат да имаат. Единствениот начин на кој знам јас да се справам со неа е да играм навистина добар фудбал. Тоа е она што треба да го направиме, да бидеме подготвени за борба и да бидеме подготвени за голем натпревар. Ние ќе бидеме подготвени, ова е единственото нешто за кое сум сигурен. Се разбира, момчињата мора да ја завршат работата на теренот, додаде Клоп.

Мечот од групата „Ц“ е на програмата утре од 18,55 часот. (МИА)

Коронавирус