среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 148
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Клоп по ремито со Тотенхем: Не е крај на светот

Клоп по ремито со Тотенхем: Не е крај на светот

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, им порача на своите фудбалери да престанат да се однесуваат како да присуствувале на погреб, откако вчерашното реми на домашен терен (1-1) против Тотенхем им зададе тежок удар на „Црвените“ во борбата за шампионската титула.

Ливерпул со овој бод се искачи на чело на табелата со 83 бодови, колку што има и Манчестер сити, но составот на Пеп Гвардиола денеска го очекува дуел против Њукасл и со евентуален триумф ќе стекне предност од три бода на три кола до крајот на сезоната.

– Пред сè, треба да престанеме да се однесуваме како да е погреб. Сè уште разговараме за фудбал и такви работи можат да се случат. Не е крај на светот. Во мојот живот се случуваа многу потешки работи, а јас сè уште сум тука, изјави Клоп.

Ливерпул во вторник го очекува гостување во Бирмингем кај Астон Вила, а германскиот стратег истакна дека неговата екипа мора да биде максимално подготвена.

– Мојот проблем не е Сити против Њукасл, туку тоа што играме против Астон Вила веќе во вторник. Ќе се подготвиме и ќе се обидеме. Единствената шанса која ја имаме е да победиме на сите преостанати натпревари, порача тренерот на Ливерпул.

Составот на Клоп веќе го освои Лига купот, а сезонава е во трка за четири трофеи, откако се пласираше и во завршницата на ФА купот и Лигата на шампиони.

Коронавирус