четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

Клоп: Нема шанси да ја завршиме сезоната без пораз

Клоп: Нема шанси да ја завршиме сезоната без пораз

Од Ливерпул ја исклучија можноста да ја завршат сезоната без пораз. Ова го објави Јирген Клоп по уште еден драматичен пресврт на „Мерсисајд“, откако губеа од Астон Вила до последните минути, но дојдоа до 2-1 со доцни голови од Робертсон и Мане.

Така, „црвените“ останаа со 6 бода пред Манчестер Сити на табелата, пред да ги пречекаат „граѓаните“ во следното коло. Тие не се поразени на 28 последователни првенствени натпревари, но Германецот не е воопшто смирен.

– Мислам дека тоа не е можно, особено ако играме онака, како што го направивме тоа на почетокот на мечот. Проблемот не беше фудбалот, бидејќи не игравме лошо, но со таков менталитет, ништо добро не можеме да очекуваме. На крајот на краиштата, ние не размислуваме за тоа, туку како да победиме на следниот натпревар, рече Клоп, чиј тим освои 10 поени откако заостануваше во резултатот оваа сезона.

Коронавирус