понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 55
home Фудбал

Клоп: Нема да ја браниме титулата, ќе ја нападнеме следната

Клоп: Нема да ја браниме титулата, ќе ја нападнеме следната

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп коментираше дека следната сезона неговиот тим ќе се соочи со многу сериозна битка за освојување на титулата.

– Манчестер Сити, Челзи и Јунајтед ќе бидат силни следната сезона. Тие се во одлична форма. Тотенхем и Арсенал нема да спијат, исто така и Лестер. Ние нема да ја браниме нашата титула, ќе ја нападнеме следната. Она што го постигнавме е за историја, рече Клоп.

Германецот рече дека би било малку чудно за неговите играчи да добијат шпалир, кога ќе го посетат Манчестер Сити.

– Не сум сигурен дека некогаш ми се случило. Можеби одамна во Германија. Тоа е убав гест, но не ни треба. Освојувањето на титулата е еден од најдобрите моменти во мојот живот – да се знае дека сме шампиони на Англија. Не се грижев за Сити. Можеби еднаш околу мечот со Лестер минатата година. Еднаш и никогаш повеќе нема да го направам тоа. Се работи за нас и 38 натпревари во една сезона. Минатата сезона се боревме со нив до крајот. Ние сме фокусирани на нашите натпревари. Сега има голема разлика во бодовите, но не мислам дека такво нешто ќе се случи повторно, рече Клоп. (MИА)

Коронавирус