сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Клоп: Меси ми се допаѓа малку повеќе од Роналдо

Клоп: Меси ми се допаѓа малку повеќе од Роналдо

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги спореди напаѓачот на Барселона, Лионел Меси и ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо.

– За мене, Меси е малку подобар од Роналдо. Но, јас имам неограничена почит кон Португалецот. Ќе го објаснам тоа на овој начин. Игравме против двајцата, а против секој од нив е речиси невозможно да се одбраниш. Ако можевте да нацртате совршен фудбалер, тогаш тој би бил играч со растот на Роналдо, кој би можел да скокне толку високо, да трча толку брзо како него. Беспрекорен и професионален играч, не можеше да биде подобро.

Од друга страна, Меси ги прави работите да изгледаат толку неверојатно едноставни. Затоа, како играч ми се допаѓа малку повеќе. Но, Кристијано е исто така неверојатен, потенцира Клоп. зс

Меси и Роналдо се најдобрите фудбалери во последната деценија и меѓу најдобрите во историјата на фудбалот воопшто.

Коронавирус