петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк како што добра сопруга го чека својот сопруг кога тој е во затвор

Клоп: Ќе го чекаме Ван Дајк како што добра сопруга го чека својот сопруг кога тој е во затвор

Само што започна сезоната, а Ливерпул до крајот ќе мора да игра без еден од своите најдобри фудбалери, Вирџил ван Дајк. Главниот играч во дефанзивата на Ливерпул заработи тешка повреда на коленото на дуелот против Евертон и според прогнозите, ќе треба да паузира во следните 7-8 месеци, пренесува Спортманија.мк

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп најави дека ќе му ја дадат цела потребна поддршка на Ван Дајк.

-Како фудбалер имав исто таква повреда и знам колку е тешко времето за опоравување. Целиот тим на Ливерпул дава голема поддршка на Ван Дајк. Сите ние сме тука за него и ќе го чекаме како што верна жена го чека својот маж да излезе од затвор. Ќе се обидеме да направиме што е можно полесно да му помине овој период на Вирџил, рече Клоп.

Холандскиот дефанзивец има скинати лигаменти на коленото, повреда која е една од потешките во фудбалот. Ван Дајк во минатата сезона беше еден од најзаслужните што Ливерпул по пауза од 30 години ја освои титулата во Премиер лигата.

Коронавирус