четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 84
home Фудбал

Клоп изрази надеж за враќање на Мане на дербито со Манчестер сити

Клоп изрази надеж за враќање на Мане на дербито со Манчестер сити

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази надеж за враќање на напаѓачот Садио Мане на натпреварот од 23. коло на англискиот шампионат против Манчестер сити.

– Да видиме како одат работите со Садио. Тој може да игра следниот викенд, се надевам дека е така, ги цитира „Гол“ зборовите на Клоп.

Мане ги пропушти последните два натпревари во Ливерпул поради проблеми со мускулите. Во сезоната 2020/21, 28-годишниот Сенегалец одигра 28 натпревари, постигна 10 гола и пет асистенции.

Натпреварот Ливерпул – Манчестер сити ќе се одржи в недела на 7 февруари.

ЕУРО 2020

Македонија