вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 99
home Фудбал

Клоп: Инцидентот со Сити е дело на неколку хулигани

Клоп: Инцидентот со Сити е дело на неколку хулигани

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, повторно упати извинување до членовите на Манчестер сити поради инцидентот што се случи пред четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите.

Инцидентот се случи на патот до стадионот „Енфилд“, а група навивачи на Ливерпул фрлаа тврди предмети како лименки и шишиња кон клупскиот автобус што ги превезуваше фудбалерите на Манчестер сити.

Според Клоп тоа е дело на мала група хулигани, кои најмногу штета му нанесуваат првенствено на Ливерпул.

– Се извинувам за инцидентот. Поминавме со автобус покрај навивачите и чувството беше неверојатно, имаше страст. А потоа кога пристигнавме на стадионот, чувме што се случило и тоа уништи се. Ова е најдобар пример како луѓето може да направат нешто неверојатно, а потоа поради неколку идиоти најверојатно никогаш повеќе нема да видиме такво нешто, истакна тренерот на Ливерпул.

Поради инцидентот УЕФА покрена дисциплинска постапка против Ливерпул. Но, случајот нема да го разгледува пред 31 мај, односно по финалето на Лигата на шампионите, а евентуалната казна ќе биде спроведена дури следната година.

Ливерпул со високи 3:0 го совлада Манчестер сити.

Коронавирус