четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Клоп: Имаме проблеми во одбраната

Клоп: Имаме проблеми во одбраната

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека неговиот тим има проблеми со одбраната и дека често пати се повторуваат грешки по кои се губат бодови.

Ливерпул вчеравечер водеше со 2:0 против Арсенал на гостински терен, но за шест минути прими три гола и после се бореше за реми (3:3).

– Ни се случуваат катастрофални грешки. Имаме индивидуални проблеми во одбраната. Очигледно е дека во тој дел сме ранливи. Не смее да ни се случува така често да испуштаме предност. Таквите натпревари треба да ги добиваме. Многу бодови испуштивме на сличен начин, потенцира Германецот.

Клоп се извини за непристојното однесување покрај аут-линија и објасни дека тоа се случило во екот на „жарот на дербито“.

Коронавирус