среда, 30. септември 2020. Вести денес: 65
home Фудбал

Клоп го поздрави Џерард за назначувањето во Ренџерс

Клоп го поздрави Џерард за назначувањето во Ренџерс

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп му честиташе и даде поддршка на легендата на клубот Стивен Џерард, кој беше назначен за тренер на шкотскиот гигант Ренџерс со договор за четири сезони. Ова е прво назначување за поранешниот фудбалер во професионалниот фудбал, откако досега тој беше тренер само во школата на Ливерпул и работеше со адолесцентите до 18 години.

– Сигурен сум дека Стиви не погрешил, ако сметал дека сега е вистинскиот момент. Ренџерс е голем клуб, кој во моментов се соочува со тешкотии, но е во прилично добра состојба во споредба со пред неколку години. Можеби тие се соодветен избор, би било убаво ако се приближат до Селтик. Сигурен сум дека навивачите на Селтик не си мислат: „Фала му на Бога, дека е Стивен Џерард“. Тие повеќе велат: „Леле, Стивен Џерард“. Тоа секогаш е знак, изјави Клоп пред официјалниот сајт на Ливерпул.

Клоп смета дека популарниот Стиви Џи е еден од најдобрите играчи од средниот ред досега и дека е среќен од шансата сега да се обиде како тренер.

– Тој има страст и знаење за фудбалот. Остатокот е процес на учење. Џерард научи многу во изминатата година и навистина ми е драго што тој ја доби оваа шанса, рече уште германскиот специјалист.

Коронавирус