среда, 5. август 2020. Вести денес: 172
home Фудбал

Клоп го потврдува заминувањето на Лалана од Ливерпул

Клоп го потврдува заминувањето на Лалана од Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го најави заминувањето на играчот од средниот ред Адам Лалана на крајот на сезоната 2019/20.

– Јасно е дека Адам ќе го напушти тимот ова лето. Иако тој сè уште не е заминат, мене веќе ми недостасува сè што е поврзано со него. Тој е неверојатен професионалец, еден од највлијателните фудбалери во однос на тренинзите, меѓу сите оние со кои сум работел во текот на мојата кариера. На Адам му посакувам се најдобро за неговата идна кариера. Ми се чини дека тој веќе стана легенда на Ливерпул, сега може да стане легенда во друг клуб, изјави Клоп.

Лалана се пресели во Ливерпул од Саутемптон летото 2014 година. На негова сметка се 22 голови и 22 асистенции на 178 натпревари за „црвените“.

Коронавирус